Почитувани пријатели,
Агенцијата за истражување Инсајдер втор пат по ред прави специјална анализа за менување на навиките кај потрошувачите за производи за широка потрошувачка. Анкетата има за цел да го дефинира влијанието на цените, нејзините промени и како Вие рагирате на нивната промена. Од одговорите ќе се овозможи креирање на ценовна стратегија од страна на компаниите.
Вашето мислење и потрошувачки навики се од особено значење и ќе имаат значаен придонес кон нашата анализа.
Напомена: Пополнувањето на анкетата е целосно анонимно и Инсјадер ИД гарантира дека на никаков начин нема можност за следење на тоа кој ја пополнува анкетата.
Анкетата користи "колаче" за превенција на повторно пополнување на анкетата од истата адреса. Истото е овозможено за да се спречи можноста за злоупотреба или намерно пополнување на голем број на анкети од исто лице. IP адресата не се зачувува во системот на Инсајдер ИД за да се запази целосната анонимност на одговарачот на анкетата.
Оваа анкета има 32 прашања.